Во јануари годинава, во Порт Ројал е одржан настан за кој многу Јамајчани мислеа дека нема никогаш да го видат. Првпат по четириесет години, крузер се закотви во историскиот Порт Ројал. Околу 2.000 насмеани гости стапнаа на островот. Овој потег отвори и ново поглавје во богатата историја на Порт Ројал, историја позната за многу Јамајчани, но ретко позната за другите

Денес е релативно тивко рибарско село, но Порт Ројал, остров што се наоѓа во Јамајка, порано бил толку озлогласен што многумина го нарекувале „најпроклетото место на светот“, додека не потонал во морето.
Во јануари годинава, во Порт Ројал е одржан настан за кој многу Јамајчани мислеа дека нема никогаш да го видат. Првпат по четириесет години, крузер се закотви во историскиот Порт Ројал. Околу 2.000 насмеани гости стапнаа на островот.
Овој потег отвори и ново поглавје во богатата историја на Порт Ројал, историја позната за многу Јамајчани, но ретко позната за другите.
Порт Ројал сега е тивко рибарско село, но кон крајот на 17 век го биела многу лоша репутација. Под контрола на Шпанија повеќе од 150 години поради стратегиската локација, Јамајка била нападната од Англија во 1655 г. и брзо е претворена во профитабилен посед. Поради недостигот од англиска војска, тогашниот гувернер Едвард Д’Оили, заради заштита на островот, беше принуден да регрутира колонија од пирати. Пиратите во комбинација со богатството од трговски робови, шеќер и дрво, го претвориле Порт Ројал во незаштитен рај на алкохол, пари и секс. Познат по многуте бордели и барови, градот бргу растел, а со грабливиот вкус на пиратите за разврат станал еден вид легенда. Ги привлекувал познатите морнарски имиња од тој период, како капетанот Хенри Морган, а пиратите го користеле тоа и ги напаѓале и ги ограбувале слабо заштитените шпански пристаништа во регионот, брзо трошејќи ги богатствата на апсурдно хедонистички начин на живот.

– Пиратите имаа слобода буквално да направат што сакаат, бидејќи се сметаа за бранители на Јамајка. Властите немаа друга опција, освен да ги остават на мира. Замислете град каде што има тони злато и луѓе со сомнителен карактер и слобода да прават што сакаат. Бордели, барови, замислете ја грубата атмосфера на Порт Ројал – објаснува локалниот историчар Питер Гордон.
Но на 7 јуни 1692 г., атмосферата се сменила засекогаш. Над 2.000 луѓе ги изгубиле животите во масивниот земјотрес, кој речиси целосно го уништи градот. Порт Ројал оттогаш веќе не е ист.
– Земјотресот ја намали површината на Порт Ројал за десет пати. Приближно две третини беа уништени и потонати во морето. Земјотресот ги уништи зградите и многу луѓе починаа под урнатините. Околу половина од популацијата загина – објаснува Селвениус Валтерс, технички директор за археологија во Институтот за национално наследство на Јамајка.

Луѓето од Порт Ројал отсекогаш биле горди на своето наследство.
– Голем дел од популацијата на Јамајка беа поробени Африканци, кои прераснаа во квалификувани трговци, а некои од најквалификуваните всушност беа тука во Порт Ројал. Еволуиравме од ропство, но всушност создадовме некои од највештите занаетчии што некогаш биле во оваа земја – вели Валтерс.
„Почитување на минатото, визионирање на иднината“ е слоганот на централното место на веб-страницата на проектот „Порт Ројал 2020“. Многу туристи чекаат на ред да го посетат.