Португалскиот уметник Серџо Одит својата кариера со сликање со спрејови ја започнал во средината на 1980-тите години, а денес создава навистина одлични уметнички дела. Одит почнал да црта графити во средината на 1990-тите, главно нелегално на потпорните ѕидови и ѕидовите кај железничките пруги, а неговата страст го направила препознатлив уметник што сликал огромни мурали. Некои од нив ги насликал во Дамала, Каркавелос и во многу други сиромашни населби во Амадора.
Серџо го напуштил училиштето како 15-годишник, но и покрај тоа што не добил диплома, сепак не се откажал. Тој е самоук во својата вештина, а неговото име станува сѐ попознато по 2005 година и е препознатлив по техниката на анаморфоза, односно оптичка илузија.
Темниот стил на анаморфоза, кој подоцна беше наречен сомбер 3Д, подразбира автентични композиции на огромни инсекти или предмети, кои ги слика во напуштени простори, а кои станаа вирални, истакнувајќи се со реализмот и техниката.
Работел како уметник за тетоважи помеѓу 1999 и 2008 година, живеел во Лондон, а моментално живее во Лисабон, фокусирајќи се исклучиво на работата во студио и на графитите.