Некои популарни намирници што често ги консумираме може да предизвикаат оштетување на црниот дроб. Ова особено се однесува на оние четири намирници што нормално ги јадеме без размислување, но отсега би требало да бидеме повнимателни. За да го одржите здравјето на црниот дроб и да спречите здравствени проблеми, избегнувајте ја оваа храна.

Бел леб: ако досега сте правеле сендвичи од бел леб, можеби ќе треба да престанете, бидејќи оваа храна е штетна за црниот дроб. Рафинираните јаглехидрати немаат влакна, а тоа доведува до зголемување на гликозата во крвта. На тој начин се ослободува инсулин, што доведува до акумулација на маснотии во и околу црниот дроб, пишува интернет-страницата „Ит дис“.

Растително масло: не се сите видови масло еднакво здрави, а растителното масло може да биде особено проблематично за здравјето на црниот дроб. Имено, овој вид масло оксидира со готвење, што му штети на црниот дроб. Меѓутоа, тоа не значи дека не треба да користите масло за време на готвењето. Кокосовото масло е подобра опција што нема да му наштети на вашиот црн дроб.

Помфрит: покрај тоа што е многу калоричен, помфритот може да му наштети на црниот дроб. Имено, помфритот е богат со заситени масти, а овој вид храна може да биде опасна за црниот дроб.

Засладени пијалаци: алкохолот не е единствениот пијалак што го уништува здравјето на црниот дроб. Според д-р Иан Брајтвајт, засладените пијалаци може да влијаат и на здравјето на црниот дроб. Брајтвајт појаснува дека малите дози на фруктоза не се проблем, но високите дози можат да предизвикаат токсичност во црниот дроб. Храната што е најбогата со фруктоза е токму таа што содржи преработени шеќери, како што се соковите. Покрај засладените сокови, опасна е и онаа храна кај која не е очигледно дека содржи поголеми количества шеќер, како што се, на пример, кечапот или преливите за салата.