Кимбaл Маск, помладиот брат на Илон Маск, член на управниот одбор на „Тесла“, продал свои акции во компанијата за 25,6 милиони долари, објавено е во документите на веб-страницата на Американската компанија за акции и берзи (СЕЦ), пренесуваат медиумите.

Четириесет и осумгодишниот Кимбал Маск продал 30 илјади акции по цена од 852,12 долари на на 9 февруари. По зделката, братот на бизнисменот има 599.740 акции вредни околу 483 милиони долари.

Информацијата доаѓа во време кога кинеските регулатори објавија документ во кој изразува сомнеж за безбедноста на автомобилите на компанијата.

Кимбал Маск не е единствениот кој продал акции од „Тесла“. Претходно, Антонио Грацијас, кој исто така е член член на управниот одбор, продаде 150.747 акции, оставајќи за себе само 2.445 акции.

Акциите на „Тесла“ паднале за 5,3 отсто по објавувањето на информацијата за продажба на дел од акциите на овие членови на управниот одбор на компанијата.