Одржлив или зелен начин на живот е оној што не ѝ штети на нашата планета. Одржливоста е нешто за што сите сме одговорни и од што сите имаме корист. Со одржливиот начин на живот осигуруваме здравје за нашата планета, а долгорочно штедиме значителна сума пари. Некои едноставни работи, како на пример користење платнени торби, осигуруваат значително намалување на загадувањето. Нудиме неколку едноставни совети за позелен начин на живот.

Повеќе зеленчук, помалку месо

Ако не јадете месо, се намалува емисијата на јаглерод диоксид. Веганската исхрана е идеална бидејќи емитува најмало количество јаглерод диоксид по човек годишно, дури двапати помалку отколку исхраната што вклучува месо. За да влијаете позитивно со својата исхрана, најдобро е да почнете да јадете билки, а најдобро би било кога би ги одгледувале сами. Одгледувањето овошје и зеленчук во сопствената градина може да биде неверојатно корисно. Дрвјата и билките го намалуваат количеството јаглерод во атмосферата. Тие исто така се природно живеалиште и храна за голем број животни и инсекти. Одберете домашни билки и билки погодни за пчели доколку е можно.

Алтернативен начин на патување

Ако патувате на подолги релации, патувањето со авион е неизбежно. Но доколку е можно, најдобро е да користите алтернативни начини на патување. Пример, патувањето со воз или со брод не само што е подобро за околината туку може да биде и забавна авантура. Тоа дури се однесува и на вашето секојдневно патување до работа. Дали сте знаеле дека транспортот е одговорен за четвртина од светската емисија на јаглерод диоксид, а тука не спаѓаат само авионите. Автомобилите, камионите, автобусите и мотоциклите се одговорни за три четвртини од емисијата на јаглерод диоксид во транспортот. За многумина автомобилот е задолжителен. Меѓутоа, сите би требало да побараме алтернативен начин на транспорт кога е тоа можно. Користењето јавен превоз, велосипед или одењето пеш се многу поприфатливи за околината и се поедноставна опција за кратки патувања.

Еколошки козметички производи

Сите сме свесни за штетното влијание што и производите за убавина го имаат на планетата, било во облик на вишок производи, амбалажа што не може да се рециклира или штетни состојки. Меѓутоа, во последно време настанаа многу промени, како употреба на рециклирана пластика, биоразградливи материјали и набавка на одржливи состојки за создавање на најдобрите чисти формули. Ваквите производи ја минимизираат штетата што ѝ се нанесува на природата, а истовремено ја подигнуваат нашата рутина за убавина на едно ново ниво.

Одбирање модни брендови

За брендовите самоодржливата мода значи создавање модни парчиња што се најобѕирни кон околината, а целта е да се создаде состав што ќе функционира без оставање негативни траги. Постојат повеќе различни пристапи што може да се преземат при изборот на гардероба. Можете да менувате облека и обувки со пријателите, да купувате од продавниците во кои се продава веќе носена облека, да купувате парчиња од органски и рециклирани материјали или подолготрајни брендови на кои не им минува модата. Имајте на ум дека тоа подразбира да ги носите овие парчиња подолго време што може да биде тешко, особено ако имате променлив вкус.

Одмор во вашата околина наместо патување надвор од градот

Можете да се одлучите за „стејкешн“ т.н. одмор во вашиот дом, околина, двор истражување на својот град. Дознајте кои еколошки дестинации ви се нудат и впуштете се во авантура.

Нула отпад како начин на живот

Многу решенија за намалување на количеството отпад биле вообичаени пред ерата на пластиката и производите за еднократна употреба. Тогаш било нормално да се користат платнени салфети, оцет и вода за чистење, стаклени садови за чување храна, како и платнени торби за намирници. Ваквите решенија не произведуваат отпад и долгорочно се поевтини. Тука се вклучуваат и избегнувањето купување производи што доаѓаат во неупотребливи, нерециклирачки пакувања, намалувањето на количеството производи што се купуваат, повторното користење или пренамена на работите што веќе ги имате во домот.