Легендарниот член на „Битлси“, сер Пол Макартни, изјави дека сака да прими вакцина против коронавирусот, објави британски „Сан“, додавајќи дека тој е меѓу првите глобални суперѕвезди што решија да се вакцинираат.
Макартни (78) е во третата група – луѓе над 75 години – со право на вакцинација. Музичарот изјави дека верува оти вакцината ѝ нуди на Велика Британија излез од несреќата и мракот на ковид-пандемијата.
– Вакцината ќе нѐ извлече од сето ова што нѐ снајде периодов.Мислам дека ќе ја поминеме оваа здравствена криза, а вакцината е одлична вест. Ќе ја примам веднаш штом ќе ми дозволат – изјави Макартни претходно во интервју за „Сан“.
Велика Британија почна со вакцинирање против коронавирус на 8 декември. Први на ред беа лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително.