Тринаесетгодишната претставничка на Полска Роксана Венгер победи на меѓународниот натпревар за песна на „Детска Евровизија 2018″ со песната „ Anyone I Want To Be”.

Финалето на евровизиското натпреварување се одржа главниот град на Белорусија, Минск.

За главната награда „Кристален микрофон” се бореа 20 земји. Македонија ја претставуваше 13- годишната Марија Спасовска од Скопје, со песната ,,Дома”. Со собрани 99 поени, таа го освои 12. место.