Полицајците на Флорида се на удар на критика заради наводно влегување во мртовечница и обид да искористат отисок од прст од починат маж за да го отклучат неговиот мобилен телефон за потребите на истрагата.

Лајнус Филип(30) бил убиен минатиот месец на бензинска пумпа при обид да побегне од полицијата, која се обидела да го претресе.

Филип им станал сомнителен на полицајците кои почувствувале мирис на марихуана од внатрешноста на изнајмениот автомобил со кој управувал.

Правните експерти сметаат дека детективите не го прекршиле законот, но останува отворено прашањето дали сето тоа било изведено на достоинствен начин.