Научниците од Руската академија на науките соопштија дека поларните мечки сѐ повеќе се свртуваат кон канибализмот и ги напаѓаат другите мечки поради недостигот од храна.

– Случаи на канибализам меѓу поларните мечки имало и порано, но многу ретко, додека сега има сѐ повеќе – вели експертот за поларни мечки Илја Мордвинцев во изјава дадена за новинската агенција „Интерфакс“.

Тој своето истражување го објави во Санкт Петербург, во кое се вели дека канибализмот е резултат на недостиг од други извори на храна.
– Во одделни сезони нема доволно храна, така што големите мажјаци ги напаѓаат женките со младенчиња – додава тој.

Со екстракцијата на фосилните горива се загрозува живеалиштето на поларните мечки и традиционалните извори на храна. Исто така, климатските промени ја загреваат Русија за 2,5 пати побрзо од остатокот на светот. Поради тоа морскиот мраз во рускиот дел од Арктикот е значително намален.