Во „Експо“ центарот во Тел Авив вечерва се одржа првото полуфинале од овогодинешното издание на популарниот фестивал „Евровизија“.

Изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија успеаја да се пласираат во финалето кое е закажано за в сабота.

Нашата Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претставува Македонија во второто полуфинале, кое е закажано за в четврток.