„Евровизија 2021“

Преставниците на Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина, кои настапија на Првата полфинална вечер, што се одржа вечерва во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија, се првите десет финалисти на „Евровизија 2021“.

За жал, македонскиот претставник Васил Гарванлиев, кој имаше одличен настап и многу впечатливо ја испеа песната „Here I stand“, чиј автор е самиот тој, не обезбеди виза да настапи во финалето на овој престижен фестивал.

Меѓу финалистите не се ниту преставничките на Словенија и Хрватска.

Како фаворити за победа обложувалниците ги идвојувуаат Дестини која пее за Малта и француската претставничка Барбара Прави.

Втората полуфинална вечер ќе сеодржи во четврток, 20. мај, а финалето е во сабота на 22 мај.

МРТ, носител на лиценцата за овој избор, ќе врши директен пренос на својата Прва програма.

М.Т.