Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоубила, откако паднала во длабока депресија поради семејни проблеми, соопшти порталот ТМЗ.

Педесет и пет годишната Спејд не сакала да се раздели со сопругот по 24-годишен брак. Дизајнерката била во длабока депресија, откако тој го напуштил семејниот дом и побарал развод.

Безживотното тело на Спејд беше откриено во нејзиниот стан во Менхетен. Таа оставила смртна белешка за нејзината 13-годишна ќерка.

Според „Њујорк тајмс“, во белешката се вели дека за причините за трагедијата таа треба да го праша својот татко.