Една учесничка на неодамнешната парада во рускиот град Калининград деновиве е во фокусот на јавноста на целиот свет и веќе ја нарекуваат руска Пепелашка. Имено, таа го загубила чевелот додека марширала со преостанатите девојки на воената парада, одржана во средата по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот. Храбрата девојка и покрај тоа продолжила да маршира без проблем и да го држи чекорот, објави весникот „Космомолскаја преавда“.

Инцидентот бил објавен на телевизијата РЕН ТВ и на снимката се гледа како босоногата девојка го одржува чекорот со другите и маршира, како ништо да не се случило.
Како што пишува весникот, командантот на Балтичката флота, Александар Носатов, ветил дека ќе ја награди девојката.

– Иако го загуби чевелот, таа не го наруши стројот. Притоа, никој ништо не забележа. Затоа кажете ми го името и презимето на девојката, таа заслужува награда – изјавил командант Носатов.