Абинандан Вартаман (во сино палто) стана национален херој на Индија

Индискиот воен пилот, Абинандан Вартаман, кој беше заробен во Пакистан по соборувањето на неговиот авион, поттикна моден тренд меѓу сонародниците по враќањето во Индија, пренесува Си-ен-ен.

Многумина мажи во Индија се обидуваат да го копираат изгледот со препознатливите мустаќи, на пилотот кој е сметан за национален херој. Изгледот стана познат како „Абинандан“. 

Индиската млекара Амул, пак, објави реклама инспирирана од Вартаман, со слоганот „без мустаќи, немате ништо“.

Повеќе бебиња родени во деновите околу соборувањето на воениот авион на Вартаман, исто така, го добија името Абинданан.

Пакистан го врати Вартаман на Индија во петокот, откако тој помина 60 часа во заробеништво, по соборувањето на неговиот авион. Враќањето на пилотот беше повод за прослава во Индија, а голема топла на луѓе се собра да го пречека на граничниот премин, во настан што го пренесуваа индиските телевизиски станици. 

Во Индија постоеше загриженост за судбината на пилотот откако беа објавени снимки на кои се забележува како е тепан од толпа во близина на местото каде што се срушил авионот.