Светскиот магазин „Нутриентс“ тврди

Нутриционистите во Шпанија утврдија дека мало количество пиво може да го подобри вашето здравје на подолг временски период. Во оваа анализа, неодамна објавена во меѓународниот рецензиран магазин „Нутриентс“, тим истражувачи од областа на исхраната и науката за храна во Шпанија испитуваа студии од 2007 до 2020 година, кои ги разгледуваат ефектите претежно на алкохолните пијалаци врз здравјето.
Сепак, некои заклучоци од студијата сугерираат дека има здравствени придобивки од природните хранливи материи во пивото, а не од самиот алкохол. Бидејќи изборот на безалкохолни пива никогаш не бил во изобилство, делови од оваа студија всушност се добра вест љубителите на пиво.

Исто така е важно што истражувачите што ја спроведоа оваа метаанализа утврдија дека умереното консумирање пиво е клучно за примање на здравствените придобивки од пивото. Всушност, тие сугерираат дека максимумот е само едно пиво на ден за жени и два за мажи. Умерената консумација на пиво штити од кардиоваскуларни болести. Пивото може да помогне во спречување дијабетес кај мажи.
– Мажите што се воздржуваат од консумирање пиво имаат значително поголем ризик од развој на абнормална регулација на гликозата, во споредба со оние што повремено пијат чаша или две – наведуваат истражувачите.
Пивото е поврзано со густината на коските. Кога ја разгледувале густината на коските и ризикот од фрактури кај постарите лица, истражувачите во сегашната студија наведуваат дека оние што умерено пијат пиво имаат намален ризик од фрактури. Состојките на пивото, не на алкохолот, влијаат на подобрување на структурата на коските и помагање на ременерализацијата на коските и забите. Кога станува збор за здравствени придобивки, се наведува дека пивото може да го намали холестеролот.
– Истражувачите посочуваат на неколку студии што сугерираат дека пивото помага во промовирањето добар холестерол и ја регулира обработката на лошиот холестерол во организмот. Во голема мера благодарение на антиоксидансите во овој пијалак – велат истражувачите.