Безживотното тело на пејачот на бендот „Фрајтенд ребит“, Скот Хачинсон, било пронајдено на брегот од Ферт ов Форт, соопшти денеска шкотската полиција.

Телото на Хачинсон, кој два дена се водеше за исчезнат, е откриено доцна синоќа.

Во последниот период блиските на Хачинсон беа загрижени поради неговото ментално здравје.

Пејачот на шкотската рок група долго време страдаше од депресија, а за тоа јавно говореше со цел да им помогне на другите полесно да се справат со овој проблем.