Постојат голем број техники за релаксација, а добрата вест е дека тие навистина функционираат, иако во тешка фаза од животот можеби не веруваме во тоа. Но во одреден момент ќе сакаме да стигнеме до нив и тогаш е добро начините за опуштање да се некаде во нашата меморија.

1. Дишење
Многу едноставен метод на релаксација, а и дејствува. Честопати не сме ни свесни за дишењето затоа што телото го прави тоа, без влијание на нашата волја. Меѓутоа, ако станеме свесни и се фокусираме на вдишувањето и издишувањето, го олеснуваме умот и го снабдуваме организмот со потребниот кислород. Кога сме под стрес и при страв дишеме плитко и брзо и телото не добива доволно кислород. Па, неопходно е да застанеме за момент и да станеме свесни за дишењето.

2. Медитација и молитва
Не смееме да заборавиме дека сме духовни суштества и дека молитвата и медитацијата играат голема улога во нашиот внатрешен мир и стабилност. Ако сте ја напуштиле својата религиозност, сега е време да се навратите на неа. Започнете со молитвите што ги знаете, а ако чувствувате потреба, отидете во црква, синагога, џамија или некој друг храм. Овие места се полни со енергијата што ви е потребна.

3. Уживајте
Најефективниот начин за опуштање е да ги правите работите во кои уживате. Немојте да го напрегате мозокот и да барате нешто посебно што ќе ве направи среќни. Гледајте некоја комедија, одете на масажа или во сауна, направете си нова фризура или купете си ново парче облека. Уживајте во малите работи. Направете торта или колачиња, или пак исчистете го станот, ако тоа ве растоварува.

4. Одете во природа
Сами или во добро друштво, денот поминете го во шума, на планина, или покрај езеро. Во 1982 година, Јапонците го прогласиле таканаречениот официјален метод на релаксација наречен шумска бања, или шинрин-јоку. Едноставно кажано, шумска бања значи да останете во шумата, да им се препуштите на мирисите и звуците на шумата. Научно е докажано дека времето поминато во природа ги лекува нашиот дух и тело.

5. Научете да ги контролирате мислите
Не е тешко да паднеме во вителот од негативни мисли, кои не водат никаде, туку само ја исцрпуваат нашата енергија. Добрата работа е што позитивното размислување е вештина што се вежба, односно тренинг на мозокот. Кога негативната мисла ќе ве победи, ако не можете да одолеете на тоа, преместете го фокусот на што било друго. Звучи поедноставно отколку што е, се разбира, но со текот на времето ќе го научите мозокот да го прави тоа со леснотија. И ја знаете изреката „ние сме онакви какви што ни се мислите“. Можеби не можеме да влијаеме на надворешните околности, но можеме да влијаеме на тоа како ги доживуваме. Самите одбираме да бидеме несреќни или среќни.