Благодарение на успехот на „Самрак сага“, на почетокот од оваа деценија во киносалите почнаа повеќе публика да привлекуваат романтични фантазии наменети за младата публика, па еден период романтичните комедии што ѝ беа подраги на постарата публика беа потиснати.

Падот на интересот за романтични комедии од киноблагајните се пренесе на филмската индустрија, па никој повеќе не вложуваше пари во нивно креирање.
Но живееме во дигитален свет, кога филмовите, освен во киносалите, можеме да ги гледаме и во домашните кина или во сопствените дворови. Оние што ни ги испорачуваат имаат детални повратни информации, а овие статистики покажуваат дека романтичните комедии, приспособени на модерното време, се навистина барани.
Ако сте љубители на романтични филмови, овие пет нови наслови може да ве заинтересираат.

До сите момчиња што ги имам сакано (To All the Boys I’ve Loved Before)
Тинејџерката Лара Џин Ковеи (Лана Кондор) сите свои чувства кон сите момчиња во кои била заљубена ги забележала во писма што никогаш не ги испратила. Сепак, тие писма стигнуваат до своите дестинации затоа што кутијата во која ги криела ја пронаоѓа нејзината помлада сестра. Помеѓу другите писма, на правата адреса стигнува и писмото напишано за момчето на постарата сестра на Лара и поранешно момче на некогашната најдобра другарка на Лара.

Наместено (Set it up)
Урнебесно смешната приказна, во која не недостигаат неверојатни изненадувања, се одвива околу двата шефа (Тај Дигс и Луси Лу) и нивните асистенти (Зое Дач и Глен Пауел). Никој од нив не ја губи надежта дека ќе ја пронајде вистинската љубов, но никој не знае каде точно да ја бара или дали веќе можеби ја пронашол. Класична романтична приказна во која не недостигаат пресврт, драма, неверство, смеа и чувства, која, секако, вреди да се погледне.

Луди богати Азијци (Crazy Rich Asians)
Рејчел Чу (Констанце Ву), американски професор по економија со кинеско потекло, е во врска со Ники (Хенри Голдинг). На патувањето во Сингапур, родниот град на Ник, каде што одат на венчавката на неговиот најдобар пријател, Рејчел дознава за малата тајна на Ник. Нејзиниот партнер доаѓа од неверојатно богата фамилија и е еден од најпривлечните ергени во Азија, што Рејчел ја става во незгодна ситуација со еден куп љубоморни жени.

Со љубов, Симон (Love, Simon)
Симон, како и другите тинејџери, проживува драма што ја носат неговите години, но во текот на своето сексуално созревање се препознава како хомосексуалец. Во болната, топла и слатка приказна, низ која ќе ви бидат потребни и марамчиња, Симон се среќава и впушта во својата прва романса, засега само онлајн. Класична романтична комедија со каква што пораснале генерации, наменета за ЛГБТ, но приспособена и за хетеро-публика.

Стенд-ин (The stend-in)
Оваа романтична комедија сѐ уште не е прикажувана, но љубителите на овој жанр нема долго да чекаат, затоа што дефинитивно ќе биде прикажана до крајот на годината. Продуцирана е од истата компанија како и хитот „До сите момчиња што ги имам сакано“, а бидејќи главни ѕвезди се згодните Ноа Сентинео и една од главните актерки од хит-серијата „Ривердејл“, Камила Мендес, ѕвездениот статус помеѓу помладата публика, па и помеѓу постарата, им е загарантиран.