Со намера што побрзо да оздрават, многумина прават грешки, кои не само што можат да го одолжат оздравувањето туку може да се предизвикаат и поголеми проблеми.

1. Премногу лекови – Кога ќе настинат или ќе се заболат од грип, многумина посегнуваат по некој фармацевтски производ со надеж дека побрзо ќе оздрават. Притоа земаат една доза од некој медикамент, но за 15 минути не чувствуваат подобрување, па посегнуваат по уште една доза. Претераната употреба на лекови во текот на настинката може да предизвика нови несакани симптоми и нуспојави.

2. Претерано дување на носот – Се чини логично, зарем не? Кога сте настинати и ви тече носот, трошите повеќе од десетина ролни хартија за што побрзо да ја „исфрлите настинката“. Сепак, силното дување на носот ќе донесе моментално олеснување, тоа може да доведе до тоа да повлечете течност/слуз во синусите што содржи бактерии.

3. Земате стари антибиотици – Можеби сте меѓу оние што го чуваат остатокот од лековите ако повторно затребаат. Не правете го тоа. Особено никогаш не би требало да земате антибиотици на своја рака без препорака од лекар.

4. Не ги следите упатствата за употреба на спреј/капки за нос – Носот ви е затнат, имате проблеми со дишењето и сакате да вдишете малку кислород. Најверојатно тогаш не го испуштате од рака спрејот за нос. Ако го користите подолго од препорачаното, тоа може да доведе до ново воспаление и до нови здравствени проблеми.

5. Пиете кафе со надеж дека ќе добиете повеќе енергија – Кога сте настинати или боледувате од грип, мора да мине време за заздравување. Хидратацијата, освен мирувањето, е многу важна ставка при заздравувањето. Ако се обидувате да издржите уште некој ден на работа, па посегнете по поголемо количество кафе, не правите добро за себе. Кафето дополнително ќе го дехидрира вашиот организам и ќе ги направи нештата малку потешки.