Постојат неколку намирници што треба да ги јадете секој ден, а тоа е храната со која веќе сте добро запознаени. Министерството за земјоделство на САД издаде упатства во кои се наведува дека постојат пет групи на храна на кои секој треба да се фокусира за да има хранлив и здрав оброк на дневна основа.

Млечни производи: тие се дополнителни извори на протеини и маснотии, но треба да се консумираат умерено. Најдобрите млечни производи вклучуваат млеко, јогурт, кефир, сирење и млеко од соја, пишува порталот „Ит дис“.
Зеленчук: може да биде дел од вашиот ручек, без да добиете премногу калории. Постојат пет различни групи на зеленчук: темнозелен зеленчук – брокула, зелка, спанаќ итн.; црвен и портокалов зеленчук – моркови, црвени пиперки, домати, сладок компир итн.; мешунки – грав, наут, грашок, леќа, скробен зеленчук: компир, пченка; како и разни печурки, тиква, зелена салата, авокадо итн.

Протеини: протеините се неопходни во исхраната и може да помогнат за одржување на здравјето на мускулите и метаболизмот. Постојат неколку групи на храна богата со протеини: морска храна – лосос, туна, пастрмка, сардини, ракчиња, школки и сл.; месо и живина – говедско, пилешко, мисиркино, свинско месо, јајца итн.; протеини на растителна основа – јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови, семиња, производи од соја и сл.

Овошје: овошјето е богато со растителни влакна и содржи природни шеќери, поради што тие се вкусно задоволство, а се препорачува консумирање на следниве овошја: јаболка, банани, портокали, круши, праски, грозје, лубеница, диња, калинка, кајсии, јагоди, ананас, манго, грејпфрут, цреши и суво грозје.
Житарки: исхраната треба да содржи и јаглехидрати, а житарките се полни со хранливи материи. Покрај тоа, житарките се богати со растителни влакна, што ќе направат да се чувствувате сито подолго време. Во вашата исхрана можете да вклучите и кафен ориз, пуканки, овесни снегулки и тестенини од цело зрно.