Петтата сезона на „Луцифер“ почнува на 16 јуни

Петтото продолжение на хит-серијата „Луцифер“ ќе почне да се емитува на Нетфликс на 16 јуни. Стриминг-платформата успеа да ја преземе серијата од Фокс, кој ја откажа по три сезони минатата година. Обновата се случи по масовната кампања на обожавателите за да се спаси нивната омилена серија.

Реакцијата за четвртата сезона беше многу позитивна и „Луцифер 4“ ги урна рекордите на гледаност. За помалку од два месеца откако почна да се емитува на Нетфликс (во мај 2019), серијата стана најпопуларна меѓу гледачите.„Луцифер“ со недели го држеше првото место на листата серии што биле одеднаш изгледани на популарната стриминг-платформа.
Натприродниот Луцифер, ѓавол и детектив, ја надмина серијата „Игра на престолот“ на Ејч-би-о, рушејќи го нивниот рекорд на сите времиња.