Секој има различна дефиниција за тоа што значи да се живее среќен живот, но постојат кратки навики што може да ви помогнат да се чувствувате подобро во текот на денот.
Иако многумина мислат дека е преценето, средувањето на креветот наутро ви дава чувство на некакво постигнување уште на почетокот на денот. Не мора да е долг разговор, но кратка комуникација со саканите ќе го подигне вашето расположение. Можете само да им испратите смешно видео или порака дека треба да се видите наскоро. Покрај тоа што ќе бидете во тек со случувањата во животите на најблиските луѓе, ќе го почувствувате и нивното присуство во текот на денот. Иако постојат многу контрадикторни истражувања околу ефикасноста на есенцијалните масла кога станува збор за лекувањето болести, факт е дека мирисот на лаванда опушта, а рузмаринот ќе ве расони. Изберете го она што најмногу ви одговара.
Многу е важно да одвоите пет минути дневно само за себе, без разлика дали станува збор за кратка медитација, танцување на вашата омилена песна или истегнување – изберете сами. Важно е да почнете да се чувствувате самоуверени и силни и не заборавајте да му се заблагодарите на вашето тело за сè што прави за вас. За комплетно уживање купете го вашето омилено овошје и уживајте.