Нега и убавина

Петиците бараат иста грижа како и лицето. Никогаш не треба, во кое било време, да заборавите да ги „храните“ со кремови што ја хидрираат кожата. Како да ги поправите испуканите стапала?
Прво, направете пилинг со камен. Во зависност од навиката, но и степенот на пукање, изберете што ќе користите за да го „изгребете“ грубиот слој на кожата. Ако ова е премногу груб метод за вас, тогаш направете пилинг за петици: растворете сода бикарбона во вода, испарете ги стапалата, измешајте малку течен сапун со морска сол и нанесете го со кружно движење на петиците и стапалата. Исплакнете потоа со топла вода.
Испуканите петици потоа може да се намачкаат со масло од чајно дрво, еукалиптус и со гел со антисептички ефект.
Оние што се склони кон испукани петици, обично страдаат од недостиг од витамините А, Е. Овие витамини се одговорни за регенерација и мекост на кожата и помагаат во одржување на еластичноста. Ако се појават пукнатини на петиците, во дневната исхрана додадете: мрсна морска риба, морска храна, маслиново масло, кикиритки, ленено семе, орев, мешунки, домат.