Новата јужнокорејска серија „Пеколно“ на „Нетфликс“ ја надмина „Игра на октоподи“ како најпопуларна серија на платформата за стриминг.
Според податоците од аналитичката компанија „Фликс патрол“, која известува дека „Пеколно“ била најпопуларната телевизиска серија на стриминг-платформата на 20 ноември, само еден ден по нејзината премиера. Новата јужнокорејска серија ја надмина „Игра на октоподи“, која беше на врвот на топ-листите 46 дена по ред и сега е на второто место.
„Пеколно“, исто така, се најде на прво место и во Јужна Кореја, Мексико и во Белгија, а е меѓу првите три е во САД, Канада и во Германија. „Пеколно“ е една од трите корејски серии во глобалните топ 10, со гореспоменатата „Игра на октоподи“ и историската драма „Кралска љубов“.