По објавувањето на кинескиот весник „Нингбо Ивнинг Нус“ дека земјата планира да испрати војска од 100.000 патки, за да му помогне на Пакистан во борбата против масовната наезда на скакулци, се отвори нова, освежувачка тема, а која не е во врска со актуелниот коронавирус.

Една патка дневно може да изеде околу 200 скакулци, со што истребувањето има многу подобар ефект од пестицидите. Патките ќе бидат испратени од источната провинција Зхејианг за да се најде решение за наездата од скакулци, која го зафатила Пакистан.

Се проценува дека оваа наезда е најлоша во последните 20 години.

Пакистан минатата година бил нападнат од скакулци, кои ги уништиле посевите од памук, а годинава се загрозени посевите од пченица.