Денес, на официјалното отворање на Интернационалниот саем за автомобили во
Париз „Пежо“ се претстави со три светски премиери!

Заедно со новиот „PEUGEOT 508 SW“, на сечие задоволство е претставен и целосно
електричниот, автономниот концепт „PEUGEOT e-LEGEND!“ „Пежо“ исто така ги открива своите нови хибридни модели со целосно нови бензински мотори и технологии за подобрување на задоволството при возење.

Штандот на „Пежо“ опфаќа повеќе од 2000 метри квадратни. Неговиот елегантен и модерен дизајн има за цел да и понуди на јавноста беспрекорно и пријатно искуство базирано на актуелните трендови на брендот, што дополнително ја зголеми оваа година со:

– Монументален ЛАВ, нов амбасадор на брендот
– Новиот „PEUGEOT 508 SW“,
– „PEUGEOT e-LEGEND Concept“
– и новите мотори „PEUGEOT HYBRID PLUG-IN“

Новиот „PEUGEOT 508“, радикална лимузина со спортска елеганција, е олицетворение на интензивни возни сензации и ги демонстрира амбициите на брендот во овој сегмент.

Новиот „PEUGEOT RIFTER“ пак е робустен и извонреден, и претставува вистински избор за секојдневна авантура. „PEUGEOT RIFTER 4×4 CONCEPT“ е уште посилен, креиран со погон на сите 4 тркала.

На овој штанд брендот „Peugeot“ исто така ги претстави и своите „SUV“ модели „PEUGEOT 2008“, „PEUGEOT 3008“ и „PEUGEOT 5008“ и неговите компактни „PEUGEOT 108“, „PEUGEOT 208“ и „PEUGEOT 308“ како и дел од гамата на „PEUGEOT Sport“, „PEUGEOT 208 WRX“ од Себастијан Лоеб. Тројцата возачи на „PEUGEOT Total Team“ ќе бидат достапни за презентација на самиот штанд на 5-ти октомври.

Како дел од новитетите на Пежо:

Тимот на „PEUGEOT Design Lab“ ќе изложува 8 безжични алатки развиени за „Peugeot
Outillage“ (кружна пила, жигана пила, буриња и др.). Исто така ќе се претстави и новиот „Lifestyle елемент“ кој вклучува: Новата линија на кожени ташни и кофери на „PEUGEOT 508“ и „GTi“, „LEGEND“ облека, мелници за сол и бибер, итн. Сите производи на „Lifestyle“ се достапни во онлајн продавницата на следниот линк.

Пежо исто така е единствениот производител кој нуди целосен опсег на мобилност:
велосипеди, скутери, патнички и товарни возила. Оваа година, на потенцијалните
клиенти ќе им бидат откриени и најновите вести на „PEUGEOT Cycles“ и „Peugeot Motocycles“. Ќе бидат претставени четирите нови електрични велосипеди. Три „Powertube“ велосипеди (со вградени батерии: два велосипеда на „Trek“, „eT01 FS“ (целосна суспензија) и „eT01“, како и „eR02“ велосипед. Исто така, ќе се прикажува и планинскиот велосипед „Powertube eM02“, кој е веќе во продажба. Предвидени се и „минати километри“ движења на мобилност: електричниот „eF01“ велосипед и електричниот „e-Kick“ скутер, кој беше развиен со „MICRO“.

Посетителите исто така можат да уживаат во дневната област, каде што ќе ги откријат
сите услуги што ги нуди „MYPEUGEOT“.