Вчера се одржа завршниот час од Летната балетска школа организирана од Еуролинк осигурување, како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.

Балетската школа започна на 25 јуни и во текот на три недели, младите учесници
ги изучуваа вештините и основните техники на класичниот балет. Децата ги изучуваа
уникатните карактеристики во балетот, вртењето и високите протегнувања, но и
грациозните, точни и прецизни движења, во оваа најпрестижна форма на танц наречена балет.

Низ игра и забава кај децата се буди чувството за одговорност и дисциплина. Летната балетска школа помина во најдобар ред и со многу забава, а на завршната претстава, која беше направена со многу труд и љубов, малите балеринки презентираа што сѐ научиле во изминатите три недели.

Еуролинк осигурување, заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници им додели сертификат за успешно завршена балетска школа со надеж дека традицијата и љубовта кон балетот нема да завршат тука, туку ќе претставуваат дополнителен мотив во нивната идна професионална определба. Се гледаме следната година во нова балетска приказна.