Патничка која одбила да гледа видео за безбедносен протокол и да го прочита флаерот со инструкции за безбедносни правила, била исфрлена од летот на компанијата „Ер Њу Зеланд“ од Вашингтон за Оукленд, пренесува „Гардијан“.

Жената, како што изјавиле останатите патници, седела во редот каде се наоѓа безбедносен излез и упорно ги игнорирала инструкциите на стјуардесите и нивните обиди да ја натераат внимателно да го гледа видеото.

– Видеото почна и стјуардесата го подигна флаерот со инструкции, а жената само ја спушти главата и читаше книга – рекол еден од патниците. Потоа, според тврдењата на патниците, го зела мобилниот телефон во раце и почнала да стиска по копчињата.

Стјуардеста љубезно ја прашала дали може да ги погледне видеото и упатствата, а жената наместо тоа, ги покрила ушите со рацете. Останатите патници ја молеле жената да ги послуша инструкциите за да не доцни летот, но таа упорно одбивала.

На крајот пилотот бил принуден да излезе од својата кабина и да ја исфрли жената од авионот, како и уште еден маж кој бил со неа.