Патната торба на Марија Антоанета била продадено за пет пати повеќе од првичната  проценка на аукцијата организирана во Париз од аукциската куќа „Осенат“, пренесува „Гардијан“.

Кожената патна торба со украсен натпис „Соба број 10 на кралицата“, првично проценета помеѓу 8.000 и 10.000 евра, била продадена за 43.750 евра.

Везената салфета користена за време на крунисувањето на Луј Шеснаесетти, сопруг на Марија Антоанета, кој бил погубен за време на Француската револуција, исто така била продадена за вредност неколку пати поголема од првичната проценка.

Салфетата од дамаст, украсена со извезен кралскиот знак круна од лисја и со букет рози на средина, била продадена за 14.500 евра.

Аукциската куќа „Осенат“ соопшти дека имало жестоко наддавање на самото место, преку телефон и на интернет, за предметите на Марија Антоанета.

Парче коса од нејзиниот сопруг Луј Шеснаесетти био продадено за 4.000 евра.

Марија Антоанета и Луј Шеснаесетти се уште ги сметааат за светци-маченици на француските монархисти, симбочично одбележано со парче коса на кралот, која се чува во медалјон од кристален камен во форма на срце.