Првите патики на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, се продадени за рекордна цена за обувки на аукцијата која ја организираше „Сотбис“.

Патиките од серијата „Најк ер шипс“, Џордан ги носел на натпреварот против Денвер Нагетс на 1 ноември 1984 година.

По завршувањето на натпреварот, Џордан патиките му ги подарил на едно од момчињата кои биле задолжени да ги собираат топките и да го бришат паркетот.

„Сотбис“, објави дека патиките биле продадени во Лас Вегас, за сума од 1.472.000 долари.

Предметите кои биле во сопственост на Мајкл Џордан, за многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, се најбарани кај колекционерите.

Патики кои Џордан го носел во 1985 година, од серијата „Најк ер Џордан 1 Хај“, во август минатата година, беа продадени за 615.000 долари.