Кога сер Вилијам Хенри Пенхалигон во 19. век првпат дошол и се сместил во Лондон работел како ексклузивен парфем-мајстор за кралицата Викторија. Оттогаш до денес, неговата служба кај кралското семејство остави длабока трага, низ препознатливите егзотични понуди на брендот „ Пенхалигон “.

Пенхалигон живеел во доба на најпрефинета англиска племенитост. Бил духовит, креативен и секогаш инспириран од она необичното. Велат дека и познатиот британски премиер Винстон Черчил подоцна ги обожавал неговите парфеми.

Овој бренд, со неколкувековна традиција, неодамна го претстави новиот „Кенсингтон“ мирис кој ја содржи истата класа, карактер и привлечност како и сите претходни, оти и тој е направен на база на рачно цеден бергамот и цвет од јасмин, но збогатен со цимет и ванила.

Новиот производ моментно е достапен само во Англија, Велс и Јужна Шкотска.