Во Данска се отвора нов музеј посветен на Ханс Кристијан Андерсен.
Еден од најголемите писатели на бајки на сите времиња ќе добие музеј со волшебна градина во неговиот роден град Одензе.
„Овој музеј не зборува за Ханс Кристијан Андерсен – тој зборува како Х.К. Андерсен “. Тоа е мислата зад новиот проект во родното место на најголемиот писател на бајки на сите времиња, во Одензе, Данска.
Ова лето треба да се отвори музеј посветен на големиот автор што починал во 1875 година, а зад кој стојат безвременски дела како „Грдото пајче“, „Снежана“, „Новата облека на царот“, „Малата сирена“, „Кралицата на грашок“…
– Дизајнот на музејот е инспириран од бајките, а ние го искористивме методот на Андерсен во кој навидум мал свет одеднаш се шири во поголем универзум – рече архитектот Кенго Кума.
Идејата е да влезете во музејот како да влегувате во бајка, што ќе се постигне со декорација, светлина, звук… Градините и зградите ќе се простираат на околу 9.000 квадратни метри, а изложбата ќе води до куќата во која писателот го помина детството. Целиот музеј, кој ќе има и подземна делница, ќе биде опкружен со вистинска волшебна градина инспирирана од бајките на данскиот писател.