Националниот парк „Јосемити“ во американската сојузна држава Калифорнија, кој пред две недели беше затворен поради опасноста од пожари, од вторник повторно ќе биде отворен за посетители.

Живописната долина Јосемити не беше зафатена од огнена стихија, но паркот и стотината хотели, одморалишта и кампови во неговата околина на 25 јули сепак беа затворени, бидејќи реонот беше прекриен со чад од околните пожари.

Затворањето на реонот во текот на туристичка сезона му нанесе значитечни финансиски загуби на Националниот парк, но ги расипа плановите и на голем број туристи кои мораа да ги откажат своите патувања за Јосемити.