Станува збор за едно од неколкуте места за паркирање во ултралуксузната населба Д Пик во Хонгконг. Населбата има поглед на пристаништето Викторија, а во неа се наоѓаат некои од најскапите домови во Азија.
Во Хонгконг има мал простор, како за живеење така и за паркирање, па поради тоа цените се вртоглаво високи. Затоа и не треба да изненадува фактот што паркинг-просторот е продаден по цена од 1,3 милион долари, а тоа наедно е и нов светски рекорд.
Претходниот рекорд за паркинг-место исто така беше Хонгконг и изнесуваше 980.000 долари. Исто така во истата населба е забележана и рекордна цена за изнајмување стан, која изнесува 210.000 долари месечно.