Неколку години Париз беше еден од градовите со сериозно загадување на воздухот, поради што градските власти презентираа план за засадување дури 170.000 дрвја, за да се подобри климата во француската престолнина.
Властите најавија дека дрвјата ќе бидат засадени насекаде: на улици, плоштади, паркови и автопатишта низ метрополата, а целта е да се справат со локалните временски промени.
Дрвото може да апсорбира јаглерод диоксид, да го подобри квалитетот на воздухот и да го разлади градот за време на летните топлотни бранови. Покрај тоа, дрвото е природна бариера за бучавата и видливото загадување на воздухот, а придонесува и за благосостојбата на парижаните и го намалува стресот.
Планот е дрвјата да бидат засадени пред 2026 година. Париз веќе има приближно 200.000 дрвја, а други 300.000 се наоѓаат во урбаните шуми на Булоњ и Винсенс.
Како дел од првата сезона на садење 2020/2021, биле засадени речиси 14.000 дрвја. Од таа причина, градот има и свој расадник. Исто така, се наведува дека помалку од 1,5 процент од дрвјата мора да се исечат од безбедносни причини.
Од 2014 година, Париз, исто така, користи автоматски систем за набљудување на разновидноста на дрвјата. Секое дрво има свој личен дигитален ИД и се прегледува секоја година.
Францускиот државен совет нагласи дека следното лето мора да работат напорно за да ги подобрат локалните климатски услови.