Градското собрание на Париз сака да именува еден мал плоштад по принцезата Дијана, кој се наоѓа на местото на сообраќајната несреќа во која загина познатата британска благородничка во 1997 година, соопшти денеска официјален претставник.

Споменик во вид на златен пламен во нејзина чест веќе е лоциран на тоа место во близина на тунелот Алма, каде што се случи несреќата.

Плоштадот во моментов го носи името на оперската пејачка Марија Калас.

Според АП, официјалниот претставник денеска изјавил дека градскиот совет ќе гласа следниот месец за мерките потребни за преименување.

Принцезата која имаше 36 години, нејзиниот партнер Доди Ал Фајед и возачот починаа откако нивниот мерцедес удри во бетонскиот столб во тунелот.