Во текот на едно од најтоплите лета во историјата на Италија, папата Франциск им испратил 15.000 сладоледи на затворениците во два римски затвори, соопштија од Ватикан.
Во изјавата од канцеларијата на папата за хуманитарни акции се наведува дека сладоледите се пратени во затворите „Реќина Коели“ и „Ребибија“, пренесе „Ројтерс„.
Сладоледот го донел полскиот кардинал Конрад Краевски, кого папата го задолжи за помош на сиромашните. Инаку, тој е еден од најмладите кардинали и има 57 години.
Од канцеларијата на Краевски велат дека е испратена медицинска опрема на Мадагаскар, вредна 600.000 долари, а донирани се и 2,37 милиони долари помош, за обнова на медицински установи уште во три африкански држави.