Во тринаесетиот век, папата Григориј Четврти им објави војна на мачките, со образложение дека црните мачки му служеле на сатаната. Поради ова, почнало истребувањето на мачките низ Европа. Но, ова скапо го чинело населението на Европа. Поради ваквиот чекор, континентот станал подлежен на црната чума, која ја ширеле болвите што се наоѓале на стаорците, а со намалениот број мачки што ќе ги ловат, го покосиле населението на Европа.