Сè повеќе луѓе се жалат на бизарни соништа и немирно спиење. Освен пандемијата, постои една многу банална причина. Нашите мозоци се преплавени со сите видови невротрансмитери и хемикалии, како адреналин и епинефрин. Кога се активираат, дури и во текот на денот, може да останат присутни и додека спиете, а тоа може да го прекине редовниот циклус на спиење и да предизвика чудни соништа, сметаат психолозите.
Претходните истражувања покажаа дека изолацијата драстично го зголемува бројот на бизарни соништа. За време на пандемијата, чувството на лутина и тага станало почесто, па оттука и луѓето почесто сонувале теми поврзани со контаминацијата и чистота.
– Кога имаме зголемено ниво на стрес, често имаме зголемено ниво на необични соништа. Нашиот мозок е преплавен со секакви невротрансмитери и хемикалии, како адреналин и епинефрин. Кога се активирани, дури и во текот на денот, можно е да останат присутни и додека спиете, а тоа може да го прекине вашиот редовен циклус на спиење и да ги предизвика тие чудни соништа – објаснуваат психолозите.
Тие сметаат дека тоа е знак на стрес. Според нив, ако имате поголемо ниво на стрес, вашата способност да спиете нормално или длабоко се нарушува. Вашиот мозок се обидува да ве држи будни и може да имате тешкотии да заспиете или да имате постресни соништа
Колин Еспи, професор по медицина за спиење на Универзитетот во Оксфорд, укажува и на недостигот од дневна светлина и на промена на рутината за време на празниците.
– Важно е за организмот да се одржува рутина и да се обезбеди потребната дневна светлина. Тоа значи да станете во вообичаеното време, да се облечете и слично. Тоа помага да се задржи ритамот, а ако вежбате надвор, направете го тоа рано во текот на денот, за да ја користите надворешната светлина – советува професорот.