Јапонските лекари откриле дека претераното користење на паметните телефони и на персоналните компјутери штетно влијае врз луѓето. Во најризичната група се луѓето од 30 до 60 години, кои најмногу ги користат техничките уреди. Како што наведуваат лекарите, употребата на овие уреди предизвикува премореност на мозокот, што кај луѓето последично доведува до развој на деменција и депресија.

Јапонскиот неврохирург Ајуми Окумура изјави дека е забележан пораст на случаи на оштетување на функциите за памтење кај луѓето. Тој истакна дека дијагнозата на деменција почесто се воспоставува не само кај постарите личности туку во најризичната група спаѓаат личности од 30 до 60 година, кои најмногу користат техника.

– Кога ќе се зголеми количеството влезни информации, мозокот не успева сите да ги обработи и сѐ претвора во отпад – изјавил Окумура.

За да се спречи тоа, научниците советуваат паметните телефони да не се користат во за време на работа на компјутер или гледање телевизија. Исто така, не е препорачливо користење на телефоните во бањата, како ни за време на јадење.
Превентивните мерки, според лекарот, треба да вклучуваат и задолжителен одмор од таквите уреди и скратено време на нивно користење. Добриот сон исто така е еден од начините да се избегнат непотребни здравствени проблеми.