Сервисите на Гугл моментно се соочуваат со проблеми и не функционираат за голем дел од корисниците, со што засегнати се пребарувачот на Гугл, Јутуб, Џимејл, Гугл драјв и други платформи.

„Системот се соочи со проблем…“ или „нешто не е во ред“, пишува на платформите при нивното отворање.

Проблемите се појавиле во 12.58 часот и со нив се соочиле корисници од целиот свет, според интернет-страницата „Даун детектор“.

„Гугл“ соопшти дека работи на решавање на проблемите.