Јапонецот Масазо Нонака денес доби сертификат дека со своите 112 години и 259 дена, тој е најстариот човек во светот.

Нонака доби сертификат од Гинисовите свестки рекорди во својот дом во Ашоро, на север од јапонскиот остров Хокаидо, пренесе АП.

Масазо Нонака е роден 25 јули 1905 година и израснал во големо семејство, кое управува со бањски пансион со години, а со кој сега управува неговата внука.

Тој ја надживеа својата сопруга и две од неговите пет деца.

Од Гинис велат дека Нонака станал најстариот човек на светот по смртта на Франциско Оливер од Шпанија кој почина оваа година на 113 години.