Додека повеќето од нас едвај чекаат да ја заборават изминатата година, иако кризата сѐ уште трае, психолозите истакнуваат дека бришењето на менталната траума ќе трае многу подолго

Пет промени во психата создадени од пандемијата

Додека повеќето од нас едвај чекаат да ја заборават изминатата година, иако кризата сѐ уште трае, поради пандемијата на коронавирусот, според психолозите, бришењето на менталната траума ќе трае многу подолго. Отуѓување, страв, губење на работата, смрт на најблиските – сето тоа се фактори што секојдневно влијаат на нашата психа.
Ова се феномени за кои експертите се најмногу загрижени.

Зголемување на депресијата и вознемиреноста
Симптомите на депресија се зголемија тројно од 8,5 на 27,8 проценти за време на пандемијата, покажува студијата објавена во списанието „КАМА нетвор опен“.
Оние што имаат помали примања и се изложени на стрес од губење на својата работа, објавија дека тоа е голем товар што сигурно ќе влијае на зголемувањето на менталните тешкотии во времето што доаѓа. Покрај тоа, сѐ повеќе луѓе денес се борат со самоубиствени мисли, иако стапката на смртност не е зголемена во текот на годината, а експертите истакнуваат дека повеќето луѓе што размислуваат за самоубиство не го прават тоа на крајот.

Нарушување во исхраната
Бидејќи никој не знае кога животот (и дали) ќе се врати во нормала, храната и сопствената слика во огледалото беа во мислите на многумина минатата година.
Робин Хорнштајн, психолог и нутриционист, забележал пад од 50 отсто кај луѓето што доаѓале на редовно лекување.
– Забележливо е зголемување на бројот на луѓето што страдаат од проблеми со исхраната, а фактот дека сите денови ги минувавме на компјутер и на состаноци преку интернет не помага да се види јасната слика за нашиот изглед, па луѓето сѐ повеќе бараат недостатоци во нивниот изглед – додава тој.
Една студија покажа дека 9 од 10 лица што веќе имале нарушувања во исхраната забележале само зголемување на симптомите. Барањата за помош исто така се зголемија за околу 81 процент. Финансиски промени, изолација, траума и тага се само некои од предизвикувачите.

Влијание врз здравствените работници
Психологот Пол Грин од Њујорк се плаши од долгорочното влијание врз здравствените работници.
– Едно нешто што особено ме загрижува се токму тие луѓе и тешките одлуки што тие мораа да ги донесат поради метежот во болниците и промената на работата. Тоа може да доведе до ПТСН поради можноста самите да се обвинат себеси – вели Грин.
Тој најмногу се плаши за менталното здравје на персоналот во службата за итни случаи поради голем број неочекувани настани, што е клучна причина за развој на нарушувањето. Тој додава дека ако имате 97-годишен пациент што починал од срцев удар, тоа не е толку трауматично искуство како кога 23-годишник умира од срцев удар.

Достапност на терапија
Бројот на телефонски линии што се отворени за да им помогнат на лицата со тешкотии е зголемен, но понекогаш тоа не е доволно за луѓето што доживеале голема траума.
Програмите за ментално здравје се исто така полни, па затоа е тешко за лице со проблем со исхраната да чека шест месеци за да дојде на ред за разговор.
За оние што не можат да пристапат до терапијата, доктор Хорнштајн советува да ги користат сите ресурси и, доколку е потребно, разни работилници што се одржуваат на интернет.

Заситување во врските
Преку карантинот, паровите почнаа да поминуваат повеќе време заедно, што беше можност да се изнесат на виделина сите добри и лоши страни на врската. Повеќе не е секогаш најдобро, па експертите ќе речат дека ако за рецепт е потребна шолја шеќер, а вие сепак ставите 12, тогаш воопшто нема да успее рецептот. Истото важи и за врските.
Совет до оние што поминуваат премногу време како двојка е да направат малку простор кога можат да бидат сами, затоа што сите имаме свои потреби за ресетирање. Иако во моментот не можете да се дружите со пријатели како што сте знаеле порано, секако, можете сами да одите на прошетка или возење велосипед.