Археолозите во Грција го откриле, како што веруваат, најстариот познат фрагмент од епот „Одисеја“ на Хомер.

Група грчки и германски археолози пронашле гравирана глинена плоча во древната Олимпија, родното место на Олимписките игри на Пелопонез, објави вчера грчкото Министерство за култура.

Плочата содржи 13 стихови од 14-наесеттото пеење, каде што Одисеј му се обраќа на својот пријател Еумеј. Првите проценки го датираат наодот во периодот на Римското царство, веројатно пред третиот век.

Датумот дополнително ќе се потврдува, но плочата во секој случај е „голем археолошки, епиграфски, книжевен и историски“ споменик, информираше Министерството.

„Одисеја“, еп од 12.109 стихови на грчкиот поет Хомер, ја раскажува приказната за Одисеј, кралот на Итака, кој десет години талка обидувајќи се да се врати во татковината по падот на Троја. Стручњаците проценуваат дека епот бил пишуван во периодот од 725 до 675 година пред новата ера.