Австралиските научници го открија најстарото дело на австралиската карпеста уметност во земјата, цртежот на кенгур стар 17.300 години.

Цртежот е долг два метра и е нацртан на таванот на карпесто засолниште и е пронајдено во регионот Кимберли во Западна Австралија, познат по древна абориџинска уметност. Староста на делото е утврдена со радиојаглеродно датирање на древни осила. Истражувачот Демиен Финч, кој ја развил оваа техника, изјави дека е многу ретко да се пронајдат осила над и под една слика.

– Со радиојаглеродно датирање на три осила под сликата и на две изградени над неа со сигурност утврдивме дека таа е стара меѓу 17.500 и 17.100 години, најверојатно 17.300. Поради тоа, ова е најстарото познато уметничко дело во Австралија – изјави Финч, геохронолог од Универзитетот во Мелбурн.

Коавторот на студијата Свен Узман изјавил дека постои можна врска помеѓу оваа слика и древната уметност пронајдена во други региони.

– Оваа слика на кенгур визуелно е многу слична на карпестите цртежи од островите во Југоисточна Азија кои потекнуваат од пред 40.000 години, што сугерира дека постои културна врска и дека можеби има уште постари слики во Австралија – заклучил Узман.