Честичките се откриени со помош на детекторот Борексино

Во најголемата подземна лабораторија во светот, научниците успеаја да соберат мистериозни геонеутрино-честички, тие се лесно наелектризирани честички за кои одамна се сметаше дека немаат маса.
Научниците што работат во најголемата подземна лабораторија во светот успеале да регистрираат 53 нови настани, скоро двојно повеќе од мистериозните геонеутрино-честички или т.н. „дух-честички“, кои ретко се во контакт со материјата, па затоа се многу тешки за откривање.

Честичките се откриени со помош на детекторот Борексино, кој се наоѓа на 1.400 метри под земја, што служи за чувствителни мерења на необјасниви и ретки појави. Научниците се надеваат дека со овие нови откритија ќе се расветлат процесите што се случуваат, кои за нас и понатаму остануваат непознати.
Геонеутрино-честичките се создаваат за време на радиоактивното распаѓање во внатрешноста на Земјата. Ова значи дека нашата планета е исполнета со мистериозни честички, кои струјат кон нејзината површина, но тие се целосно невидливи за нас.
– Геонеутрино-честичките се единствените директни траги за радиоактивното распаѓање што се случува во внатрешноста на Земјата, кои произведуваат сè уште непознат дел од енергијата што влијае на целокупната динамика на нашата планета – вели Ливија Лудхова, една од координаторите на експериментот „Борексино“.

Новите откритија би можеле да помогнат да се објаснат многу од мистериозните процеси што предизвикуваат необјаснети појави за топлината што доаѓа од јадрото на Земјата.
Во светот под нашите нозе, се случуваат многубројни необични феномени – како вулканите и магнетните полиња, кои воопшто не се слични со која било друга појава забележана во нашиот сончев систем.