Археолозите во Помпеја пронашле еротска фреска која прикажува однос на Леда и лебед, пишува Би-Би-Си.

Според грчката митологија, преданието, Зевс се вљубил во Леда, но никако не можел да ја освои. Затоа, тој се претворил во лебед и така успеал да ја придобие нејзината љубов. Како плод на таа љубов, се изнеле две јајца: од едното се родила Хелена, а од другото близнаците Кастор и Полидеука. Според друга верзија, само Хелена и Полидеука биле деца на Зевс, додека Кастор и Клитемнестра биле деца од бракот на Леда и кралот Тиндареј.

Митолошката слика на односот на Леда и лебедот со векови ги инспирирал уметниците.

Експертите сметаат дека фреската го красела ѕидот на спалната соба на побогатото семејство што живеело во самиот центар на Помпеја.

Помпеја во првиот век целосно била прекриена со вулканска пепел по ерупцијата на вулканот Везув. Древниот град Помпеја беше откриен случајно, 1600 години по катастрофалниот настан.

Многу уметници од ренесансна Италија го прикажувале во своите дела заведувањето на Леда. Така глетката им служеше како инспирација на Леонардо да Винчи, на Микенанџело, Тинторето, Веронезе и многу други уметници од тоа време.

Вилијам Батлер Јејтс, познат ирски поет и драмски писател од 20. век ја напиша познатата песна „Леда и лебедот“.

Археолозите на тоа исто подрачје пред некое време ископале еротска фреска која го прикажува богот на плодноста Пријап.