Војводите од Кембриџ и Сасекс вчера повторно беа заедно за да ја откријат статуата на Дијана, принцезата од Велс, велејќи дека секој ден посакуваат таа да е сè уште со нив.

Принцовите Вилијам и Хари дојдоа во редизајнираната „Потоната градина“ на палатата Кенсингтон, на денот кој би бил 60-тиот роденден на нивната мајка. Ова беше нивно прво заедничко појавување по погребот на војводата од Единбург во април.

– Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер. Квалитети што ја направија сила за добро низ целиот свет, менувајќи безброј животи на подобро – рекоа тие.

Двата принца изразија надеж дека статуата ќе се гледа засекогаш како симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство.

– Им заблагодаруваме на луѓето низ целиот свет кои го одржуваат во живот споменот на нашата мајка – порачаа заедно Вилијам и Хари.