Концертот на светски познатата група „Плацебо“, кој требаше да се одржи на 25 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, нема да се одржи, како и другите гостувања во рамките на нивната светска турнеја закажана за оваа година, информираат од продукцијата „Авалон“.
– Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повек?е за тоа ќе се знае на средината на септември.

Сите оние што сакаат своите пари да си ги добијат назад, ќе можат да го сторат тоа од идната среда, 27 мај, од 9 часот наутро. Рефундацијата ќе врши на начин и на местото од каде што се купени билетите – велат организаторите на овој музички спектакл, за кој ќе мораме да почекаме подобри времиња.