Поради прогласената тридневна жалост прогласена во нашаат земја, по синоќешната трагедија во Ковид центарот во Тетово сите јавни настани се откажани.

Од „Авалон“ продукција им изразуваат длабоко сочувство на семејствата на починатите.

Воедно, иzвестуваат дека настаните што требаше да се случат денеска: „Скопје саундс гуд“ (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота „Скопје колинг“ (Skopje Calling) се откажани.

– Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09) – известуваат од продукцијата „Авалон“.